Тухел ги нападна судиите: Ова е катастрофа и јасно кршење на правилата!

Реал Мадрид во драматична завршница го совлада Баерн Минхен со 2-1, а со тоа обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), но во судиското надополнување беше прекината акција на бундеслигашот и тоа го налути тренерот Томас Тухел.

Помошникот на главниот судија го крена знаменцето за офсајд и не дозволија да биде завршен нападот на баварскиот тим кој во продолжение постигна гол, а Тухел смета дека тоа била катастрофална одлука.

„Ова е катастрофа, при вториот гол на Реал дозволи акцијата да продолжи. Јасно е правилото дека мора играта да продолжи. Првата грешка ја направи линискиот судија, а потао главниот арбитар. Ова е јасно кршење на правилата“, кажа Тухел.