Бањаја ги преживеа нападите од Маркез и славеше на трката во Шпанија

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на трката за Големата награда на Шпанија, откако зад себе ги остави Марк Маркез и Марко Бецеки.

Бањаја до третата победа по ред во Шпанија стигна со одличниот старт, но и поради тоа што ги одби нападите на Маркез од Гресини.

Најголемо разочарување на трката беше лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин кој падна на 15 кругови пред крајот додека беше во водство.