Ферстапен и понатаму си поигрува во Ф1 – лесно до триумф и на спринтот во Мајами!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, славеше вечерва спринтерската трка во Мајами, во шестата рунда од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

За „Летечкиот Холанѓанец“ ова е втора победа во вториот спринт сезонава, а покрај тоа има и идеален скор на трките во Мајами, како и во Соединетите Американски Држави, од неговото враќање по коронавирусот. Зад актуелниот шампион се пласираше Шарл Леклер во болидот на Ферари, а трет беше Серхио Перез, вториот возач на Ред Бул.

Програма во Мајами ќе продолжи подоцна вечерва (22 часот), кога ќе се возат квалификациите за Големата награда на Мајами, која, пак, е планирана за утре вечер во 22 часот по средноевропско време.