Атаман призна дека лажел: Реков така за да ги мотивирам играчите

Првпат по 12 години и првпат по ерата на Жељко Обрадовиќ, Панатинаикос обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата каде ќе се обиде да стигне до седмата шампионска титула.

Серијата против Макаби, по која ПАО се пласира во Берлин, имаше тензична увертира. Тимот од Израел славеше во Атина, па тренерот Ергин Атаман изјави дека ќе си замине ако Панатинаикос не се пласира на Ф4. Откако работата е завршена, турскиот стручњак призна дека ја излажал јавноста и дека воопшто немал таква намера.

„Се изнервирав, без разочаран, го реков тоа за да ги мотивирам играчите и сите во клубот. Пораз во таква серија е лоша работа, ама успеавме да се вратиме. Имам одличен однос со претседателот Јанакопулос и мислам дека овде ќе останам уште многу години“, изјави Атаман.

Во полуфиналето, Панатинаикос ќе се сретне со Фенербахче, а сигурно ќе има огромна поддршка од навивачите.