Фенербахче го направи тоа што никој не успеал во историјата на Евролигата

Европскиот шампион од 2017 година, Фенербахче е трет тим кој успеа да обезбеди пласман на Ф4 од Евролигата откако во решавачкиот натпревар против Монако славеше со 80-79 по продолжение.

Со тоа, турскиот гигант стана прв во историјата на Евролигата кој како гостин победи во „мајсторка“ од четвртфиналето на плејофот и обезбеди пласман на завршниот турнир од елитното натпреварување. Херој на Фенербахче е грчкиот репрезентативец Ник Калатес кој имаше свое шоу во финишот, кога се одлучуваше прашањето околу победникот.

Во финишот тој „врза“ две тројки и потоа украде една топка со која Монако можеше да дојде до победа во последните секунди. На крајот беше најефикасен, заедно со Скоти Вилбекин, со по 14 поени, а на Монако не му беа доволни ни 20. поени на Мајк Џејмс.