Хезоња дефинитивно си оди од Мадрид, ама нема да потпише за Партизан!

Хрватскиот репрезентативец, Марио Хезоња, дефинитивно ќе биде еден од најбараните кошаркари ова лето и речиси и да нема клуб што не го сака во своите редови.

Но и покрај тоа, шпанска „Марка“ тврди дека веќе се е готово околу неговото враќање во Панатинаикос, каде што настапуваше во 2021 година. Новинарот Хесус Санчез смета дека Хезоња сигурно следната сезона ќе игра за зелено-белите во Атина.

Должината на договорот што му е понуден од страна на „кралевите“, како и подобрите финансиски услови од тие што ги има моментално се причините шти размислува за промена на средината. Грците на Хезоња наводно му понудиле договор од два милиони евра годишно.

Хрватот сезонава во Евролигата на теренот имаше просек од 13,6 поени, 4,4 скока и 0,7 асистенции за 22,4 минути.