Брансон и повреден го однесе Њујорк до втора победа (ВИДЕО)

Њујорк Никс поведе со 2-0 во серијата против Индијана откако ноќеска славеше и во вториот меч на домашен терен, со 130-121.

Тимот од „Големото јаболко“ излезе посилен од сите проблеми со кои се соочи во пресрет и за време на синоќешниот меч. Во првото полувреме се повреди најдобриот играч во тимот Џејлен Брансон кој поради мораше долго да остане на клупа. Индијана го искористи тоа, по 24 минути игра водеше со 73-63, па Брансон мораше да стисне заби и да ја поведе екипата во продолжение.

Во второто полувреме ги одигра сите 24 минути и заврши како најефикасен во својот тим. Поради скратената минутажа, не ја продолжи фантастичната серија од четири меча со 40+ поени и синоќа остана на „само“ 29, но и тие беа доволни да биде најефикасен во својот тим. Никс дојдоа до пресврт и водство од 2-0 кое го носи на добар пат до пласман во конференциското финале, прво по 2000 година.

Покрај Брансон, со проблеми се соочи и Оџи Ануноби кој беше мошне расположен за игра и за 28 минути на теренот постигна 28 поени, но во второто полувреме остана на клупа поради повреда. Кај Индијана, најефикасен беше Тајрис Халибартон со 34 поени, а до него застана Топин со 20.