Брансон ѝ пресуди на Филаделфија, а Индијана го елиминира Милвоки (ВИДЕО)

Филаделфија севентисиксерс загуби од Њујорк никс во шестиот меч и беше елиминирана, (2-4), а идентична судбина дживеа и Милвоки бакс против Индијана пејсерс (2-4).

Индијана во текот на целата серија имаше голема предност поради отсуството на Јанис Адетокумбо поради повреда, а Дамиен Лилард не можеше сам да го предводи својот тим.

Индијана го дoби последниот меч со 120-98, а најефикасен во победата беше Оби Топин со 21 поен, додека Лилард запиша 28 поени за Милвоки.

Во полуфиналната серија Индијана ќе игра против Њујорк никс, кој синоќа беше подобар од Филаделфија со 118-115, а неверојатниот Џејлен Брансон постигна 41 поен и 12 асистенции во триумфот, додека на спротивната страна Ембид запиша 39 поени и 13 скокови.