Јокиќ го испрати Леброн на одмор, Мареј во последни секунди го елиминира Лејкерс (ВИДЕО)
Лејкерс се надеваше дека може да избегне четврти пораз од ривалот и да остане во игра за полуфинале, но Џамал Мареј на четири секунди пред крајот му пресуди на „кралот“ Џејмс и неговите соиграчи.
JAMAL MURRAY CALLED GAME... AGAIN 🥶 pic.twitter.com/VM9Lzm8qz9
— Denver Nuggets (@nuggets) April 30, 2024
Мареј постигна 32 поени, додека Мајкл Портер Јуниор запиша 26 поени, а Јокиќ додаде 25 поени во кошот на Лејкерс. Леброн по поразот веднаш избега од мечот и покажа непочит кон ривалот, зашто не сакаше да се поздрави со ривалите.
Бостон селтикс славеше на гостувањето кај Мајами хит со 102-88 и поведе со 3-1 во плејоф серијата, а Дерик Вајт беше најефикасен со 38 поени, додека Оклахома го елиминира Њу Орлеанс со триумф од 97-89.