Јокиќ не го заборави Милојевиќ - излезе на прес конференција со маичка во негова чест (ФОТО)

Во моментите на еуфорија поради третото МВП признание, Никола Јокиќ не го заборави својот прв тренер во сениорската кошарка.

Дејан Милојевиќ ненадејно почина на почетокот од 2024 година, како последица од срцев удар, но остана да живее во срцето на, од синоќа, трикратниот најдобар играч во НБА лигата. На прес конференцијата по објавувањето на веста, Јокиќ се појави со маичка со натпис „Брате“, во чест на Милојевиќ.

„Оваа маичка ја носам речиси секој ден, особено кога тренирам. Деко беше човек кој ми даде слобода, ми покажа како треба да правам некои работи. Трнирајте, глумете, вежбајте. Ми веруваше и јас можам само да му се заблагодарам“, рече Јокиќ.