Јокиќ не можеше сам против Минесота, Едвардс го наполни кошот на Денвер (ВИДЕО)

Минесота тимбервулвс го шокира Денвер нагетс во првиот меч од полуфиналето на Западот со 106-99, откако на паркетот незапирлив беше Ентони Едвардс.

Во првото полувреме Денвер играше подобро од ривалот поради цврстата одбрана, но и лошиот напад на Минесота, но Јокиќ немаше вистинска помош од соиграчите.

Минесота заигра одлично во вториот дел, па успеа да ја обезбеди победата, а Едвардс постигна 43 поени, седум скокови и три асистенции, додека Јокиќ го заврши мечот со 32 поени, осум скокови и девет асистенции.