Јокиќ: Поубаво ми беше лани, не бев МВП, ама освоивме титула

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ пак ги изненади љубителите на кошарката со првата изјава откако беше прогласен за МВП на сезоната во НБА.

Иако влезе во одбрано на друштво со барем три вакви признанија во кариерата, Србинот призна дека не се чувствува како лани.

„Да бидам искрен, поубаво ми беше минатата година кога не бев МВП, а ја освоивме шампионската титула. Се е тоа еден голем процес, патување, можеби јас сум пред камерите, но зад мене се соиграчите, тренерите, медицинскиот персонал, семејството...“, рече Јокиќ.

Сезоната уште не е загубена иако Денвер губи со 0-2 од Минесота во полуфиналето на Западната конференција и му претстојат два меча на гостински терен.