Лејкерс по две продолженија победи во Милвоки, нов триумф за Далас и Дончиќ (ВИДЕО)

По голема борба Лос Анџелес Лејкерс без Леброн славеше на гостувањето кај Милвоки со 128-124, Далас и Дончиќ ја продолжија победничката серија откако со 132-96 триумфираа кај Сакраменто.

Милвоки прокоцка победа против Лејкерс. Домаќините во текот на последниот период имаа 19 поени разлика, беше 94-75, но отогаш до крајот постигнаа само седум поени, а гостите дури 26 и го однесоа натпреварот во продолжение.

Нерешено беше и по првото продолженија, па се играа уште пет минути. Беше неизвесно, двете екипи се менуваа во водство, на крајот Лејкерс славеше со 128-124.

Фантастична партија имаше Ентони Дејвис кој постигна 34 поени, имаше и дури 23 скокови, Ривас оствари трипл дабал со 29 поени, 14 скокови и 10 асистенции, одличен беше и Расел со 29 поени и 12 асистенции. Во составот на Милвоки, трипл-дабл запиша Адетокумбо со 29 поени, 21 скок и 11 асистенции.

Далас игра во голема форма, врза пет победи по ред или девет победи на последните десет меча. Овојпат лесно, со убедливи 132-96 славеа на гостувањето кај Сакраменто.

Лука Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 28 поени и 11 скокови, имаше поддршка и од Ирвинг кој постигна 24 поени, Хардавеј реализираше 22. Во составот на Сакраменто, Фокс со 18 поени беше најефикасен.

Резултати:
Мајами - Голден стејт 92-113
Милвоки - ЛА Лејкерс 124-128
Њу Орлеанс - Оклахома 112-119
Сакраменто - Далас 96-132