Шекил не е среќен: Јокиќ е одличен, но не ја заслужи МВП-наградата!
Шекил, кој работи како стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“, кажа дека наградата требало да му припадне на Шеј Гилџес-Александер.
„Морам да кажам дека Шеј ја заслужи наградата. Никола Јокиќ е најдобриот центар во лигата, но не требаше да ја добие МВП-наградата. Гилџес-Александер оваа сезона имаше 50 меча со најмалку 30 поени, а неговиот тим беше прв на табелата“, кажа Шекил.