Тренерот ја плати сметката за лошите резултати: Хем повеќе не е на клупата на Лејкерс

Неколку дена по елиминацијата во првата рунда од плејофот, од Денвер Нагетс, раководството на Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хем.

Такво беше најавено веднаш по петтиот меч од серијата, а денеска доби потврди лично од франшизата од Лос Анџелес.

„Ги цениме напорот на Дарвин и неговите резултати во овој период, особено ланскиот пласман во финалето од Западната конференција. Му благодариме за посветеноста и позитивниот став и ова беше исклучително тешка одлука за нас, но во моментов секако најправилна. Лејкерс остануваат насочени кон освојувањето шампионски титули“, изјави генералнииот менаџер Роб Пелинка.

Засега нема најави кој би можел да го замени Хем на тренерската позиција, но има доволно време за тоа имајќи предвид дека НБА драфтот е кон крајот на јуни.