На Џака му се „споија жичките“ - почна да дави ривал на пријателски меч (ВИДЕО)

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака повторно беше во центарот на вниманието на спортската јавност, откако имаше жесток дуел со данскиот репрезентативец Мортен Хјулманд во пријателски меч на овие две селекции.

Данецот, откако го фаулираше Џака, ја шутна топката која тој ја намести за брзо да изведе слободен удар блиску до средината на теренот. Тоа го налути швајцарскиот репрезентативец од албанско потекло, по што веднаш влезе во конфликт со противникот. Страстите брзо се смирија и судијата им покажа жолт картон на двајцата.

„Со тоа што го направи сака да му докаже на тренерот дека има место во стартниот тим на пријателски натпревар? Беше чист фаул, ја имав топката, а потоа ме удри. Такво нешто не се прави во фудбалот, ниту на пријателски ниту на квалификациски натпревар. Тука се работи за почит“, изјави Швајцарецот.

Натпреварот помеѓу Швајцарија и Данска заврши без голови.