Тотален хаос во Трабзон - домашните навивачи ги нападнаа играчите на Фенербахче (ВИДЕО)

Невиден хаос настана вечерва, по завршувањето на натпреварот меѓу Трабзон и Фенербахче, на кој еден од головите постигна македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Фенер славеше со 3-2 и на крајот од мечот на теренот ја славеше победата со која остана во игра за шампионската титула. Тоа веројатно ги испровоцира домашните навивачи кои масовно влегоа во теренот и ги нападнаа фудбалерите кои не можеа да стигнат до соблекувалната.

Дел од нив успеаја да удрат навивачи, во еден момент не се знаеше кој кого удира, а засега нема информации за евентуално потешко повредени.