И во Германија пропаѓаат гиганти: Некогашниот европски шампион пред банкрот

Ракометниот бундеслигаш Хамбург се соочува со огромни финансиски проблеми поради кои му се заканува преселба во четврта лига, па дури и можно гаснење.

Екипата која сезонава се наоѓа на средината од табелата во германското првенство, остана без лиценца а идната сезона. И претходно се зборуваше дека Хамбург може да биде надвор од конкуренција за сезоната 24/25, нон општо беше размислувањето дека сето тоа ќе се реши. На крајот, комисијата за лиценцирање објави дека сите рокови се истечени.

„Хамбург не даде доказ за својата економска успешност со што би стекнал право на лиценца за идната сезона“, се наведува во соопштението.

Извршниот директор на Хамбург, Себастијан Фреке смета дека ова е погрешна одлука затоа што, како што вели, сигурно клубот ги исполнил сите услови, но Билд наведува дека некогашниот европски шампион останал „покус“ за четири милиони евра поради што не прогласен за неликвиден. За Хамбург ова е веќе видено сценарио бидејќи и во 2016 година банкротираше и беше преселен во четврта лига од каде успеа да се врати и да се стабилизира во германската ракометна елита. Три години претходно, во 2013, екипата ја освои титулата во Лигата на шампионите.