Митревски го доби дербито против Талески во Португалија

Порто славеше против Бенфика во португалското дерби со 34-29 во разигрувањето, а одличен на голот на победничката екипа беше македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски.

Двете екипи во првиот дел играа израмнет ракомет (14-14), но во второто полувреме Порто на крилјата на Митревски стигна до победата од 34-29.

Митревски го заврши натпреварот со 14 одбрани, додека најефикасни во победата беа Кристенсен и Магалаеш со по шест голови, додека Филип Талески за Бенфика постигна три погодоци.