Швајцарија ја шокира Словенија, а Словачка изненадно ја победи Полска!

Репрезентацијата на Швајцарија неочекувано како аутсајдер направи огромен исчекор кон пласман на СП 2025, откако попладнево како гостин ја совлада фаворизираната Словенија (26-27).

Швајцарците беа турнати во послабиот барабан по поразот од Македонија во последниот меч на годинешното ЕП во Берлин, но тоа не им пречеше да направат огромен ичекор кон Мундијалот. Мануел Зендер со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Алекс Влах постигна пет.

Сензација се случи и во Полска, која на домашен терен шокантно загуби од Словачка (28-29). Јурај Бриатка со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај Полјаците Камил Сипжак заврши со ист број погодоци.

Австрија ја оправда фаворитската улога славејќи на гостувањето кај Грузија (27-25), додека Унгарија како гостин ја растури Литванија (33-26).