Вецлар му го продолжи договорот на Миркуловски
Миркуловски е помошник во стручниот штаб на бундеслигашот, а поради добрите резултати оваа сезона, Вецлар реши да му ја продолжи соработката.
„Тука се чувствувам како дома. Во Вецлар сум речиси девет години, а соработката со тренерот Франк Карстенс е неверојатна. Се чувствувам одлично во оваа улога“, кажа Миркуловски.