На Словенецот кој удри делегат му се заканува доживотна суспензија - пријавен е и Вујовиќ
Иако се пријавени и Веселин Вујовиќ и Андраж Велкаврх, Безјак направи најтежок прекршок бидејќи намерно го удри делегатот на натпреварот Анто Јосиќ кому поради силни болки му беше укажана лекарска помош, па беше однесен в болница, а мечот прекинат. Безјак може да добие казна од три месеци до доживотна суспензија, а каква и да биде одлуката, тоа најверојатно ќе биде крај на кариерата за него, со оглед на тоа што тој има 37 години.
Според пропозициите, натпреварот треба да биде службено регистриран со 10-0 за Загреб, но не е исклучено, за мир во хрватскиот ракомет, тој сепак да се доигра.