Ракометарите не се откажуваат од СП: Битка се води до крај – заедно сме посилни!

Македонската ракометна репрезентација ќе има исклучително тешка задача на задутрешната реванш-средба против Фарски Острови, која ќе се одигра во „Борис Трајковски“ во Скопје, зашто ќе мора да брка триумф со најмалку седум гола разлика, колку што загуби пред два дена на првиот меч во Торшхавн (27-34).

Негативата е голема, разочарувањето во јавноста исто така, но во националниот тим владее желба за чудо со кое би се вратило на идентичен начин и би се обезбедил пласман на СП 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров поради тоа испратија порака преку социјалните мрежи порачувајќи дека нема да се предадат и дека бараат што е можно поголема помош од трибините.

„Битката се води до самиот крај - заедно сме посилни“, се вели во пораката на РФМ на Инстаграм.