Ракометарите се собираат во Скопје, Лазаров дополнително го повика и Карапалевски

Македонската ракометна репрезентација денеска се собира во Скопјепред бараж натпреварите против Фарски Острови за пласман на Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка.

На денешниот собира се пристигнаа најголем дел од ракометарите, додека се очекува Никола Митревски и Филип Талески да пристигнат в недела.

Селекторот Кире Лазаров реши дополнително да го повика и Мартин Карапалевски кој ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата среден бек.

Во репрезентацијата се повикани Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Дамјан Митев, Мартин Карапалевски, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Никола Марковски и Михаил Аларов.

Првиот меч против Фарски Острови е закажан за 8 мај, додека реваншот се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.