Грција ја шокира Холандија, Романија по голема драма ѝ пресуди на Чешка

Грчките ракометари непријатно ја изненадија Холандија со 31-27 во првиот бараж-натпревар за Светското првенство (СП) во 2025 година, додека Романија по голема битка ја совлада Чешка со 31-30.

Холандија ја контролираше играта во првото полувреме сè до 12-9, кога почна кризата кај гостите, а тоа го искористи Грција која на полувремето замина со 13-12.

Грците во второто полувреме беа одлични и имаа предност дури од пет гола, меѓутоа на крајот триумфираа со 31-27. Најефикасен во победничкиот тим беше Тоскас со седум голови, додека Велде постигна 10 погодоци за Холандија.

Романија славеше со 31-30 против Чешка во интересен дуел, а Григорас беше најдобар кај домаќинот со девет голови, додека исто толку постигна Пироч на спротивната страна.