Дончиќ за односот со Ирвинг: Кајри е Бетмен, а јас сум Робин!

Далас маверикс го прегази Сакраменто со 132-96, а повторно тандемот составен од Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беше главен на паркетот во НБА-лигата.

Дончиќ по петтата победа по ред на Далас кажа дека во екипата владее одлична атмосфера.

„Кајри е Бетмен, а јас сум Робин. Тој е одлична личност и кошаркар, имаме неверојатен однос и атмосферата во клубот е неверојатна“, кажа Дончиќ.