Трајковски по победата на Хајдук: Најважно од сè е што освоивме три бода!

Хајдук Сплит славеше против Славен Белупо со 1-0 во хрватската Суперлига, а единствениот гол на мечот го постигна Александар Трајковски.

Трајковски во 12. минута го матира голманот на домашниот тим по асистенцијата на Јосип Брекало и му обезбеди три бода на Хајдук, а по мечот кажа дека е важно што клубот од Сплит им се вратил на победите по лошата серија.

„Ова беше навистина тежок натпревар. Доминиравме во првото полувреме, имавме шанси и за втор и трет гол, но не успеавме да постигнеме. На крајот најважно е што освоивме три бода. Еве веќе втор меч по ред ми асистираше Брекало, се надевам дека и јас ќе му се оддолжам со асистенција“, кажа Трајковски.

Хајдук е трет во лигата со 58 бодови, односно осум помалку од Динамо и 10 поени помалку од Риека.