Алегри го извади Влаховиќ, Србинот направи хаос

Со секој натпревар, станува се поочигледно дека Душан Влаховиќ воопшто не е среќен во Јувентус, особено под водство на Масимилијано Алегри.

Освен што нема квалитетни соиграчи во нападот, српскиот репрезентативец е луд поради навиките на тренерот да не му дозволува да игра цели натпревари. Исклучок не беше ни денешниот меч против Милан на кој Влаховиќ излезе од игра во 62. минута по што направи хаос, јавно демонстрирајќи ја својата нервоза.

Теренот го напушти со тоа што го шутна корнер-знаменцето, потоа пред клупата го фрли шишето со вода, а сето тоа беше проследено со лут поглед кон Алегри. Ова не е прв инцидент меѓу српскиот голгетер и тренерот на Јувентус поради што се поставува прашањето дали Влаховиќ ќе остане во тимот и идната сезона.