Митревски фантастичен во важна победа за Порто

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски имаше одличен настап во дресот на Порто кој се бори за титулата во Португалија.

Порто дојде до втората победа во плејофот откако ја совлада Брага како гостин со 26-24.

Големи заслуги за овој триумф на Порто одат на адреса на Никола Митревски кој имаше дури 13 одбрани со феноменален процент од 50 отсто.

Филип Талески со Бенфика го загубија лисабонското дерби против Спортинг со убедливи 37-28. Македонецот даде еден гол од еден шут.

Во следното коло Порто го пречекува Спортинг, а Бенфика е домаќин на Брага.