Фенербахче размислува да ја напушти турската лига и да се пресели во друга земја

По нередите во дуелот со Трабзон, раководството на Фенербахче сериозно размислува да го напушти турското првенство и да се пресели во друга држава, тврдат тамошните медиуми.

Наводно, во оптек се шампионатите на Белгија, Холандија, Франција и Шпанија, но тешко дека некоја од овие лиги ќе го прими Фенербахче кај себе. Од Шпанија веќе стигнала „корпа“ со образложение дека, според законот, ниедна странска екипа не може да се натпреварува во тамошниот систем, со исклучок на Андора.

За почетокот на април е закажан состанок на кој ќе се разгледуваат опциите кои остануваат пред Фенербахче. Пред репрезентативната пауза беше најавено истапување од лигата оваа сезона, а трајното напуштање на турското првенство е новина кога станува збор за овој проблем.