Луда идеја на новиот газда: Средбите на Фулам ќе може да се гледаат директно од – базен!

Култниот „Крејвен Котиџ“, кој е дом на премиерлигашот Фулам уште од далечната 1896 година, е стадион со капацитет од 24.500 гледачи во западен Лондон и е еден од ретките прастари арени во Премиер лигата, кои сè уште се користат денес.

Останатите составот од Лондон како Арсенал, Тотнем и Челзи се решија за нови стадиони и се оддалечија од традицијата, а само Фулам остана верен на својата стара „колиба“. Новиот американско-пакистанскиот сопственик, Шахид Кан, сепак реши да го реконструира стадионот, што ќе му даде посебен гламур на Фулам. „Крејвен котиџ“ ќе претрпи трансформација со изградба на нова трибина, а новиот сектор на стадионот ќе нуди луксузни ложи со базени и ресторани со Мишелин ѕвезди. Бизнисменот ветува незаборавно искуство за разлика од сите стадиони ширум светот.

„Мојата визија за новата трибина на Риверсајд беше да им понудиме на нашите навивачи и нашето соседство дестинација која ќе продолжи да ја почитува нашата историја и традиција секој ден од годината. Накратко, конечно ќе можеме да понудиме повисоко ниво на гостопримство и капацитети кои претходно беа практично недостапни за навивачите на Фулам“, изјави Кан.

Завршувањето на работите на трибината на Риверсајд се очекува до крајот на декември, а англиската јавност не е воодушевена од идејата на сопственикот на Фулам и со потсмев зборува за идеите на Американецот.