Несреќа на СП во рели во Хрватска – возач директно удри во куќа крај патеката (ВИДЕО)

Францускиот возач, Себастиен Ожие, е победник на трката од Светскиот шампионат во рели, која се одржа во Хрватска.

Пресметката освен неговата победа ја одбележа и несреќата што се случи кога унгарски возачки двоец со автомобилот удри директно во куќа покрај патеката. Тие невнимателно влегоа во свиокот, не успеааја да го исконтролираат автомобилот и речиси без кочење удрија во еден од ѕидовите.

Навивачите на релито потенцираа дека ова не е првпат возач да изгуби контрола на тој дел од патеката и да удри во истата куќа. Најважно е, сепак, што на крајот и двајцата поминаа без позначајни последици. Следна станица на Светското првенство во рели е Португалија, кое ќе се одржи од 9 до 12 мај.