„Корпа“ за вечно повредениот: Симонс нема да игра на Олимписките игри

Селекторот на австралиската репрезентација Брајан Горџијан го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за Олимписките игри, а на него го нема еден од најдпознатите играчи во оваа земја во моментов Бен Симонс.

И покрај тоа што членот на Бруклин Нетс е повреден речиси цела сезона и одигра само 15 натпревари, многумина очекуваа тој да биде со националниот тим во Париз, особено поради тоа што Горџијан неодамна изјави дека видел желба кај него да ја предводи репрезентацијата. Интересно е тоа што Симонс последен пат играше за репрезентацијата во 2013 година на континенталното првенство, на последните Олимписки игри, во Париз не настапи затоа што сакал да се посвети на индивидуалната работа, а Светското првенство во 2023 година го пропушти поради повредата.

На поширокиот список на австралиската репрезентација има 22 кошаркара од кои десетмина играа во Токио. Финалните 12 ќе бидат познати пред почетокот на подготовките во јули. На Олимписките игри, Австралија е во групата А, со Канада и два квалификанти кои можат да бидат Грција, Шпанија, Словенија, Хрватска...