Кошаркар на Портланд го има најужасниот шут во историјата на НБА (ВИДЕО)
Таквите работи, понедкогаш, може да испаднат смешни и помалку тажни, а Мозес Браун го покажа тоа на дело. Овој 24-годишен центар не е дебитант во најсилниот шампионат на светот, зад себе има неколку сезони во кои дури имаше и поголема улога, но неговата шутерска техника од линијата за слободни фрлања е нешто на што целиот кошаркарски свет се смее.
На мечот против ЛА Клиперс застана на белата линија, а потоа го „подигна“ ударот со едната рака, по што во салата настана вистинска смеа. Многумина не можат да сфатат како може професионален кошаркар вака да шутира кон кошот.