Грчевски ги одбра ракометарките на кои ќе смета за дуелите со Азербејџан и Литванија!

Селекторото на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави скратениот список за престојните квалификациски натпревари за ЕП против Азербејџан и Литванија.

Пред женската ракометна репрезентација се последните два квалификациски меча на кои треба да се завери пласманот на Европското првенство.

Селекторот Грчевски го скрати списокот на 20 ракометарки кои ќе играат против Азербејџан и Литванија.

Ракометарките се собираат на 1 април во Скопје. Натпреварот со Азербејџан го играме во Баку на 3 април од 15 часот, додека на домашен терен ја пречекуваме Литванија на 7 април од 18 часот.