Арне Слот: Сакам да бидам тренер на Ливерпул, чекам клубовите да се договорат!

Тренерот на Феенорд, Арне Слот јавно призна дека сака да го преземе кормилото на Ливерпул од Јирген Клоп.

Последните денови силно се пишува дека Ливерпул прави обид да го донесе Арне Слот на позицијата на нов тренер од следната сезона.

Холандскиот стратег сега и јавно призна дека сака да стане тренер на Ливерпул, останува само клубовите да се договорат за висината на обесштетувањето.

„Би сакал да станам нов тренер на Ливерпул, мојата одлука е јасна“, вели Слот.

„Феенорд и Ливерпул се во преговори, чекам да видам што ќе се случи. Уверен сум, чекам клубовите да се договорат“.