Вечерва во Серија А се игра меч кој ќе трае 18 минути!

Денеска со почеток од 20 часот на стадионот во Удине ќе истрчаат Удинезе и Рома и ќе ги доиграат преостанатите 18 минути од нивниот дуел кој почна на 14. април.

Тогаш мечот беше прекинат во 72. минута кога на теренот падна Еван Ендика. Актуелниот резултат беше 1-1.

Денеска дуелот ќе продолжи и ќе се одиграат преостанатите 18 минути. На двата тима им е дозволено да направат измени во составите, но не смеат да користат играчи кои веќе беа заменети во тие 72 минути. Тоа се Кингсли Еизибуе, Хасан Камара, Деан Хуијсен и Хосем Ауар.

Ова воедно ќе биде и деби на новиот тренер на Удинезе, Канаваро. Неговиот прв меч како тренер во Серија А ќе биде уникатен, ќе трае помалку од 20 минути.