Дончиќ со тројки го „разнесе“ Клиперс и донесе брејк за Далас (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа против Лос Анџелес клиперс со 96-93 и израмнија на 1-1 во плејоф-серијата, а повторно одличен на паркетот беше Лука Дончиќ.

Дончиќ го заврши мечот со 32 поени, девет асистенции и шест скокови, односно постигна дури пет тројки во кошот на Клиперс.

Тројката на Дончиќ за 90-81 се покажа како клучна во завршницата од дуелот, иако Клиперс успеа да се приближи, но немаше доволно сила за пресврт.

Најдобри во поразениот тим беа Џејмс Харден и Пол Џорџ со по 22 поени, но тоа не беше доволно за екипата од Лос Анџелес.

Плејоф серијата сега се сели во Тексас каде што се очекуваат нови возбудувања.