Флорентино Перез се појави во Далас да му даде поддшка на Дончиќ! (ВИДЕО)

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше присутен на натпреварот меѓу Далас и Лос Анџелес Клиперс, а причината е Лука Дончиќ.

Пред да се пресели во НБА, Дончиќ од 2015 до 2018 година настапуваше за Реал Мадрид со кој стана Европски шампион, а ја доби и наградата за МВП во Евролигата.

Словенецот остави голема трага во Реал Мадрид иако таму беше само три години од кариерата и тоа на многу млада возраст.

Флорентино Перез не го заборава тоа, па синоќа се појави на мечот меѓу Далас и Клиперс за да му даде поддршка на Дончиќ.