Во „Белградска арена“ ќе се игра на „паркет“ вреден 1,7 милиони евра (ВИДЕО)

Завршниот турнир од кошаркарската Лига на шампионите (ЛШ) на ФИБА, кој од утре до недела ќе се одигра во Белград, го привлече вниманието на светската јавност, но не поради очекуваниот квалитет на тимовите туку поради најавената спектакуларна организација.

Тоа првенствено се однесува на посебната подлога на која кошаркарите ќе ги одиграат натпреварите, која првпат ќе се користи во светската кошарка, а која всушност е еден огромен ЛЕД екран поставен хоризонтално.

„Ова е најнова и премногу скапа технологија. Никој од нас не очекува дека тоа ќе стане стандард во блиска иднина и дека во секоја сала можеме да видиме такво нешто, можеби за десет години. Станува збот за подлога и технологија која чини над 1,7 милиони евра“, менаџерот во Кошаркарскиот сојуз на Србија, Дејан Дамњановиќ.

Фајналфор-турнирот од ЛШ почнува утре во „Белградска арена“ и тоа со полуфиналните средби помеѓу Тенерифе и Перистери (18 часот) односно помеѓу Мурсија и Уникаха (21 часот). Видеото од новата спектакуларна подлога може да го погледнете ТУКА.