Барселона уште во Париз си ја заврши работата, убедлив триумф над ПСЖ!

Барселона со 30-22 го победи ПСЖ на негов терен и уште сега може да размислува за ракометниот фајнл-фор.

Момците на Раул Гонзалез беа немоќни во дуелот со Барса, Каталонците дома си заминаа со предност од осум разлика која би било чудо ако не ја задржат.

А првиот дел не наговестуваше дебакл на парижаните, ПСЖ ги добија првите 30 минути со 14-11, но во продолжението следуваше несфатлив пад.

Во второто полувреме ПСЖ даде само осум голови, а прими дури 19 и загуби со 22-30.

Незапирлив во составот на Барса беше Дика Мем со осум голови, во составот на ПСЖ Шипжак постигна седум.