Надал фуриозно тргна во Мадрид, загуби само еден гем во првиот меч!

Рафаел Надал и покрај тоа што не беше целосно подготвен реши да настапи на турнирот во Мадрид, а ако се суди според стартот тој се наоѓа во импресивна форма.

Надал во својот прв меч во Мадрид го победи американскиот тенисер Дарвин Бланч со само еден загубен гем. Беше 6-1 и 6-0.

Во следното коло Надал ќе има многу посериозен предизвик, противник му е Де Минор кој е 10. носител на турнирот.