НБА ја призна грешката: Судиите го оштетиле Лејкерс на мечот со Денвер

Кошаркарите на Денвер нагетс беа подобри од Лос Анџелес лејкерс со 101-99 во вториот меч од плејофот, и тоа со кош на Џамал Мареј со звукот на сирената, но НБА-лигата призна дека судиите направиле неколку грешки кои влијаеле врз конечниот резултат.

Со дополнителна анализа било утврдено дека Лејкерс загубиле шанса за уште еден напад кога на Никола Јокиќ не му биле досудени три секунди во рекетот, додека вториот пропуст се случил кога Леброн не добил уште едно слободно фрлање поради прекршок.