НБА-лигата почна истрага против браќата Јокиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ заедно со Денвер нагетс на одличен начин го отвори плејофот против Лос Анџелес лејкерс (2-0), но нивниот втор меч го одбележа инцидент на трибините кога браќата на српскиот кошаркар, Немања и Страхиња имаа физичка пресметка со еден од навивачите.

НБА-лигата почна истрага по видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое може да се забележи дека Страхиња му удрил бокс на мажот кој беше на трибините и токму тој може да добие забрана за влез на следните натпревари на Денвер.

„Лигата го истражува инцидентот меѓу Страхиња и навивачот кој се случи во вториот меч од серијата меѓу Денвер и Лејкерс“, напиша извршниот продуцент на порталот „ТМЗ“, Мајкл Бабкок.