Познати кандидатите за МВП на сезоната во НБА - Јокиќ и уште двајца

Непосредно по почетокот на плејофот, НБА ги објави имињата на тројцата кошаркари кои се во конкуренција за признанието за МВП на сезоната.

Очекувано, во потесниот избор е Никола Јокиќ, а оваа сезона конкуренција му се Лука Дончиќ од Далас и Шеј Гилџес-Александер од Оклахома. Ако наградата ја освои Јокиќ, ќе стане деветти играч во историјата со три или повеќе вакви признанија, по Карим Абдул-Џабар, Мајкл Џордан, Бил Расел, Вилт Чембрлен, Леброн Џејмс, Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон.

Покрај кандидатите за МВП на сезоната, НБА ги објави и претендентите за индивидуалните признанија во другите категории.

За деббитант на годината ќе конкурираат Виктор Вембанјама од Сан Антонио, Чет Холмгрен од Оклахома и Брендон Милер од Шарлот. За најдобар дефанзивец, во комбинација се Бем Адебајо од Мајами, Руди Гобер од Минесота и Вембанјама, а за играч со најголем напредок - Тајрис Макси од Филаделфија, Алперен Шенѓун од Хјустон и Коби Вајт од Чикаго.

Кандидати за најдобар шести играч се Малик Монк од Сакраменто, Боби Портис од Милвоки и Наз Рид од Минесота. На крајот, за тренер на годината конкурираат Марк Дегнолт од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.