Веспрем со гол во последната секунда го победи Алборг!

Во меч со исклучително драматичен финиш Веспрем со 32-31 го победи Алборг во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите.

Алборг водеше во текот на целиот меч, а Веспрем со своето прво водство дојде до победа.

Алборг неколкупати водеше со највисоки шест гола разлика, на полувремето имаа предност од 17-12, но како одминуваше времето Веспрем ја топеше негативата и го однесе мечот во возбудлив крај.

Се чинеше дека Алборг не може да го загуби мечот, во последната минута даде гол за водство од 31-30, но Веспрем веднаш изедначи на 31-31. Данците имаа напад за победа, но ја загубија топката, а домаќините од контра буквално во последната секунда постигнаа гол за победа од 32-31.

Ремили со шест гола беше најефикасен во составот на Вепсрем, кај Алборг неколку ракометари дадоа по четири голови, Влах, Хоксер, Арнолдсен и Антонсен.

Патникот на фајнл-фор турнирот ќе се решава на реваншот во Данска.