Луд хокеј меч: Изгубија 57-0, а голманот имаше 65 одбрани! (ВИДЕО)

Во моментов во Узбекистан се одржува континентално првенство на Азија и Океанија во хокеј на мраз за помлади од 18 години. На турнирот денеска се одигра еден меч за кој се прераскажува.

На турнирот учествуваат Монголија, ОАЕ, Макао, Малезија, Иран, Индонезија, Индија, Тајланд, Ковајт и домаќинот Узбекистан.

Мечот меѓу Тајланд и Кувајт понуди еден фасцинантен резултат. Тајланд победи со 57-0, а за ситуацијата да изгледа уште полудо, стои фактот дека голманот на Кувајт имаше дури 65 одбрани.

Тоа значи дека во текот на 60 минути хокеарите на Тајланд шутнале дури 122 пати. Сите нивни играчи дадоа голови, освен двајцата резервни голмани.