Трајковски во серија - втор меч по ред со гол за Хајдук

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно се запиша во листата на стрелците за својот тим Хајдук.

Сплитскиот тим води со 1-0 на гостински терен против Славен, а нашиот фудбалер погоди во 12. минута. Брекало од десната страна центрираше пред голот на домаќините, а таму Трајковски избегна офсајд и од непосредна близина ја затресе противничката мрежа.

За него ова е трет гол сезонава во хрватското првенство, а Хајдук се обидува да стави крај на серијата од четири порази.