Вардар го победи ФМП и остана во Првата лига!

Вардар обезбеди опстанок, идната сезона повторно ќе настапува со најдобрите откако вечерва ја совладаа екипата на Академија ФМП со 85-72.

Пред почетокот на плеј-аутот Вардар беше на последната позиција на табелата, многумина веќе го отпишаа, но црвено-црните влегоа во форма кога беше најпотребно и на крајот ја остварија целта.

Со четири победи по ред, втора во дуелите со Академија ФМП успеаа да изборат опстанок.

Денеска со подобар финиш на мечот го совладаа ФМП со 85-72. Амар Хот беше предводникот во победата, постигна 24 поени и имаше дури 17 скокови, тој ги одигра сите 40 минути. Фуџет даде 21 поен, а Кис 15. Во составот на ФМП, Лука Петровски даде 19 поени.