Американците бараат суспензија за Јокиќ поради насилството на неговиот брат (ФОТО)

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, одигра маестрално во првите два меча од воведната плејоф-серија на Денвер нагетс против ЛА Лејкерс (2-0), но неговата игра остана во втор план поради однесувањето на неговите браќа.

Тоа особено се однесува по триумфот во вториот дуел со кошот на Џамал Мареј во последната секунда (101-99), кога постариот брат на Јокиќ влегол во дуел со непознат навивач, кого и физички го нападнал. Поради ова била инволвирана и полицијата, а истрага покренала и самата НБА лигата. Ова не е првпат семејството на кошаркарот да прави проблеми на трибините, поради што низ САД почна иницијатива за суспензија за Никола поради однесувањето на неговиот најблиски и тоа до крајот на доигрувањето. „Мислам дека лигата треба да испрати порака тука, ова е неприфатливо однесување, треба да го суспендира Јокиќ на најмалку пет натпревари. “, „Мислам дека НБА треба да го суспендира Јокиќ поради постапките на неговото семејство до крајот на плејофот“, „Јокиќ треба да биде суспендиран затоа што влијаел на нивното однесување“, „НБА треба да го суспендира Јокиќ на пет натпревари“ и слични коментари се шират првенствено на Твитер.

Главно во кампањата, разбирливо, се навивачите на Лејкерс и добар дел од нив се саркастични, но тоа веќе предизвика немир кај навивачите на Денвер кои чекаат да заврши истрагата на НБА за да можат да здивнат. Тие се надеваат и дека ваквите настани надвор од теренот нема да влијаат на фокусот на Јокиќ, што е малку веројатно зашто и не ги користи социјалните мрежи.

Твитовите поврзани со иницијативата може да ги прочитате ТУКА.